Правила за приватност

Користење 

www.koper.com.mk Web страницата можете да ја користете без никакви надокнади за користењето, а во согласност со овде наведените услови и правила. Со користењето на продавницата на www.koper.com.mk се обврзувате да ги почитувате следните услови и правила

Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користење 

Kопер се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници. Ги регистрираме само основните податоци потребни за непречена работа и истите ги користиме за информирање на корисниците за начинот на нивното користење. Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците. Сите лица во Копер се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Регистрација, сигурност и деактивација 

За да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го пополните формуларот даден во делот Регистрација на koper.com.mk Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата. Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата, должни сте да го ажурирате вашиот профил. Одговорни сте за сите акции и нарачки кои се нарачани со вашето име и лозинка. Ако знаете или ако ce сoмневате дека уште некој друг ја знае Вашата лозинка, должни сте да ја смените во делот за промена на лозинка. Ако ја имате заборавено лозинката или корисничкото име ве молиме искористете го линкот за враќане на корисничкото име и лозина. Истите ќе ви бидат препратени на регистрираната адреса. За деактивација на профилот обратете се до администраторот со праќање порака исклучиво од вашата email адреса.

Надворешни услуги 

Услугите кои Ви ги овозможува Копер интернет продавниците Не ги вклучуваат трошоците што ги сносите користејќи ја компјутерската опрема и услугите за пристап на нашите страни. МКВ Концепт не е одговорен за трошоците за телефонот или било кои други трошоци кои може да настанат.

Интелектуална сопственост 

Содржината на koper.com.mk интернет продавниците е заштитена иго има еднинственото право за нивно користење. За секое комерцијално користење на содржината од koper.com.mk мора предходно да добиете одобрение и да контактирате на e-mail: [email protected]

Измени 

Копер го задржува правото на измена на овие услови и правила без претходна најава. Сите промени се применуваат на користењето на koper.com.mk интернет сајтот.